Заев: Ова е последен 24 декември за власта на Никола Груевски (видео)

Сподели со своите пријатели

Денешниот датум, 24 декември ќе остане во историската меморија на Македонија како ден кога власта на Никола Груевски брутално ја погази парламентарната демократија во Република Македонија, изјави на денешната прес – конференција лидерот на СДСМ, Зоран Заев, навраќајќи се на денот кога пред три години, новинарите и пратениците од опозицијата беа исфрлени од зградата на Парламентот во време на донесување на Буџетот.

  • Прекршија Устав и закони. Ја искористија полицијата за да ги штити. Исфрлија новинари и пратеници од собраниската сала. Зад затворени врати тесната група околу Груевски го раскрчми Буџетот НА ГРАЃАНИТЕ. Тоа што го направија Груевски и неговите соработници тогаш, се обидуваат да го прават и сега. Затвораат врати за грѓанскиот сектор. Бркаат новинари од Анкетната комисија, каде треба да се соочат со вистината. Напразно се мачи Груевски. Граѓаните паметат и ќе паметат дека Никола Груевски и неговата насилна и расипничка власт се осмели да ги исфрла од Народниот дом. Спора, но тешка е раката на правдата. Таа правда ќе ја стигне братучедско – кумската власт и ќе биде поука, никој повеќе да не се осмели да чепне по правата на граѓаните.

Граѓаните на Македонија, Социјалдемократскиот сојуз и здружената опозиција го ставаат и Груевски во историската меморија на Македонија, истакна пред Собранието на РМ, лидерот на СДСМ, Зоран Заев.