Заев од Куманово: Не престанавме со грижа и помош на оние на кои им се најпотребни

Сподели со своите пријатели

„И во време на светска, здравствена и економска криза не се откажавме од концептот парите назад кон граѓаните. Не престанавме со грижа и помош на оние на кои им се најпотребни“, рече денеска од Куманово лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Loading...

Заев денеска во Куманово се сретна со стечајните работници, за кои истакна дека добиваат по 8.000 денари месечна помош од држава, со цел да имаат што им е потребно да го поминат месецот.

– Три години бевме посветени на вистинска грижа за сите граѓани, на градење фер и праведна држава за сите. Со упорноста и посветеноста ги исправивме неправдите што режимот на ВМРО-ДПМНЕ ги нанесе на стотици илјади граѓани. 12 илјади стечајни работници денеска добиваат месечен надомест од 8.000 денари, за да не бидат без примања, за да имаат се што може да им биде потребно да го поминат месецот и да имаат помош и поддршка во животот од својата земја. Покрај стечајните работници бевме посветени на подигање на економскиот стандард и извлекување од сиромаштија на лицата приматели на социјална помош, лицата со попреченост, на највозрасните кои не остваруваат право на пензија, изјави Заев.

Како што вели тој, и во време на светска, здравствена и економска криза продолжува враќањето на парите кон граѓаните. Преку платежните и картичките за домашен туризам, издвоени се 28 милиони евра за над 324.000 граѓани, а ќе се зголемува и опфатот на лица кои ќе имаат право на ваква помош.

– Последниот период го зголемувавме опфатот на лица кои ќе добијат домашна платежна картичка, покрај досегашните категории, во четвртиот пакет мерки по 9.000 денари на платежна картичка ќе добијат и стечајните работници, пензионерите со пензии до 15.000 денари, самохраните родители, како и лицата кои се невработени, а не се активни баратели на работа, појасни претседателот на СДСМ Зоран Заев.

 

https://www.facebook.com/kumanovskimuabeti1/videos/300153647799433/

 

Loading...

 

За три години, според Заев, направена е целосна реформа на системот на социјална заштита, при што социјалната помош е зголемена за 300 отсто, а веведени се детски и образовен додаток.

– И во следниот мандат социјалната грижа продолжува уште повеќе и уште подобро. Обезбедуваме повисока социјална помош за 34.000 домаќинства, детски дотаток за над 65.000 деца. Продолжуваме со мерки и политики што носат шанси за сите и трајно извлекување на нашите граѓани од сиромаштијата. Наместо драконска и селективна казнена политика воведовме опомена пред казна и пропорционално казнување. Казните за физичките лица ги намаливме на 75 отсто, донесовме закон за отпис на камати на долгови на физички лица, со тоа избришавме 10 милиони евра долгови на граѓаните, пари кои останаа дома во нивните буџети. Сериозно ги намаливме извршителските и нотарските трошоци, како и цените на катастарските услуги и тука не застануваме сето тоа се мерки кои обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните, кои обезбедуваат фер и правичен пристап кон секој подеднакво, изјави Заев.

Вели дека на 15ти јули граѓаните ќе гласаат за концептот кој обезбедува повеќе пари во нивните буџети, наместо за обнова на режимот кој им ги крадел парите.

Никола Ивановски

Leave a Reply