Заев од Куманово: Нашата борба денес е да овозможивме европски можности (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Ова е време кога нашата генерација е исправена пред избор што ќе ја одреди иднината на држава и на генерациите што доаѓаат, сега е време на нашите деца и идните генерации да им дадеме доволно причини да си го видат сопственото место во домот Република Македонија, порача премиерот Зоран Заев од денешното чествување на Денот на народното востание во Куманово.

 

Loading...

 

Највисокиот државен врв, но и претставници од останатите локални самоуправи денеска положија свежо цвеќе на Спомен Костурница во Куманово, а пред сите нив, премиерот Заев истакна дека мисијата денес е борба за економски развој и борба за секое ново отворено работно место.

– Нашата борба денес е да овозможивме европски можности за вложување во здравството, во образованието, инвсирање во квалитетни и повисоки стандарди во македонското образование. Нашиот повик денес е да обезбедиме посигурна, безбедна и просперитетна иднина на нашите млади. Нашиот прироитет денес се инвестиции во инфраструктурата, изградбата на патиштата, железници, како и помошта за македонскиот земјоделец чија работа и труд заслужува вреднување и почит. Нашата мисија денеска е исполнување на стратешките цели кои овозможуваат реализација на овие приоритети.

 

 

Како што порача Заев сега е време да им се докаже на последните скептици дека Република Македонија е новата ѕвезда во европското соѕвездие. Вистинските патриоти, како што истакна премиерот го почитуваат минатото на својата земја, но многу поважен е погледот кон иднината.

– 11 Октомври 2018 година е дел од востанието на нашата генерација. Оваа е востание на гласот, тој глас со кој ќе ја осигураме иднината на слободна, независна, европска и просперитетна Македонија. Тој граѓански глас ги повика институциите да ја овозможат евроатлантската иднина на сегашните и идните генрации во нашата Македонија. Сега е редот на гласот на народните избраници во Собранието кои се исправени пред историската одлука во Собранието, за сите нас, рече Заев.

 

Loading...

 

Изборот за членство во ЕУ и НАТО, според премиерот Заев, денес го одредува патриотизмот, а идните генерации ќе го слават ако им дадеме причини како што нам ни дале партизаните од НОБ.

Leave a Reply