Заев: Груевски пак режира, мафијата е во Владата (видео)

Сподели со своите пријатели

Јавноста знае дека јас лично ги повикав сите граѓани кои поседуваат какви било материјали и докази за криминалното работење на власта, да ги достават до мене, до Социјалдемократскиот сојуз, до медиумите, изјави на денешната прес конференција, претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Се гледав и се гледам со сите граѓани кои се охрабрија и се охрабруваат да помогнат во разобличувањето на оваа криминално – корупциска власт на Никола Груевски. Денеска медиумите на Груевски објавуваат дека материјали од прислушувањето се запленети кај осомичено лице. Ако е ова точно, денеска од ова место барам истражните органи да разјаснат како вакви материјали се нашле кај ова лице. Груевски и неговите соработници можат да режираат колку сакаат, изјави Заев. 

Одговарајќи на новинарски прашања, Заев истакна дека сликањето со некое осомничено лице, не го менува фактот дека оваа власт е до гуша во криминал и корупција.

 

Loading...