Забрана за возила во центарот на Приштина

Сподели со своите пријатели

Во Приштина вечерва е регистрирано високо ниво на загедн воздух кој се смета за исклучително штетен по здравјето.

Приштинските медиуми јавуваат дека последните мерења извршени во 20 часот во американската амбасада покажале 314 микрограми.

Пришина има проблеми со загадениот воздух, но последните денови е на самиот врв на градови во светот со загаден воздух, поради што денеска е највен протест со кој од институциите се бараат итни мерки.

Министерката за животна средина и просторно планирање Аљбена Решитај вчера напиша дека проблемите околу загадување не можат да се надминат со магично стапче, додека денеска најави низа мерки за надминување на сегашната состојба.

Во договор со општина Пришина и со подшка на косовската полиција најавена е забрана за влегување возила во градот од денеска, а забранета е и употреба на јаглен за затоплување.