Забрана за товарни возила и препорака за користење зимска опрема кон Попова Шапка

Сподели со своите пријатели

Од 12.00 часот поради интензивни врнежи од снег се воведува забрана за движење на тешки моторни возилa на патниот правец Тетово- Попова Шапка, информираат од ЈП „Македонија пат“

Loading...

Оттаму препорачуваат задолжителна употреба на зимска опрема за лесни моторни возила и автобуси на истиот патен правец.

Во останатиот дел од државата сообраќајот се одвива без застој, по претежно влажни коловози.

Никола Ивановски

Leave a Reply