Забрана за тешки товарни возила на патот кон Свети Николе, отежнато кон Крива Паланка

Сподели со своите пријатели

Денес од 07:50 часот регионалниот пат Кратово- Пробиштип е во прекин во двата правци за сите возила, а забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на планинските превои Стража,Маврово, Ѓавато,Плетвар и на патниот правец Крива Паланка- граничен премин Деве Баир.

Сообраќајот на патниот правец с.Крупиште-Пробиштип е нормализиран. Се нормализира и сообраќајот на патниот правец Свети Николе-Куманово, кој утринава беше во прекин поради силни наноси на снег кај селото Павлешенце, но сепак остануват на сила забраните за тешки товарни возила.

Од 09:30 часот од Велес према Штип и Пробиштип наизменично се пропуштаат возила.  Во 11:20 часот укината е забраната за движење на ТМВ на на овој патен правец. Денес од 09.45 час.автопат Велес-Скопје на потег од кл.Штипска до кл.Катланово сообраќајот за ТМВ е нормализиран.

Сообраќајот на патниот правец Куманово – Крива Паланка кај Младо Нагоричане се одвива отежнато поради наноси од снег на коловозот.

Поради врнежи од снег затворени се за сообраќај патиштата кон селата Герман, Гошинце и Алешевце.

АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е почеста  појава на одрони, особено на патните правци: Кочани -Мак. Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Д. Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково