Заборавила да оди на сервис: Како изгледа моторното масло по 36.000 км (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Кога ќе ја погледнете бојата на маслото – сe ќе ви биде јасно.

Loading...

Нема потреба да се зборува за важноста на маслото за здравјето на моторот и неговата редовна замена.

Овој пример јасно покажува колку е важна редовната промената на маслото во пропишаните интервали од производителот.

Во случајот на видеото, првата промена на маслото кај новиот автомобил беше одложена – возилото дојде на првиот редовен сервис само по 36.315 километри (22,5 илјади милји).

Станува збор за автомобил Subaru Cross trek кој се продава во Европа како Subaru XV, а, како што се наведува, сопственикот заборавил на редовните сервисни интервали, промените на маслото и филтрите за масло.

 

 

Loading...

Кога ќе ја погледнете бојата на моторното масло, сe ќе ви биде јасно. Може да собере бројни нечистотии и да придонесе за оштетување на моторот.

Исто така, ако често возите на пократки растојанија, се препорачува да го менувате маслото порано од планираното.

Интервали? Научете се што ви треба од продавачот кога ќе купите нов автомобил или прочитате во упатството за употреба, и ако купувате половен, добро е да запомните дека минералните масла траат пократко (до 7.000 км) и синтетички едните ќе „туркаат“ до 25.000 километри.

 

 

Leave a Reply