ЗАБОРАВЕТЕ НА СКАРАТА! – Еве како навистина се подготвуваат НАЈВКУСНИТЕ колбасици

Сподели со своите пријатели

Колбасицте се неизоставен дел од секоја скара, но, дали е можно да целиот свој живот погрешно сме ги подготвувале?

Судејќи според познатиот блогер Мартин Кинг, време е да заборавиме на фрлање на колбасиците на скара и да почнеме да ги подготвуваме во тава.

Но ова не е најголемото изненадување. Тој тврди дека е и времето на подготовка е нешто во што опасно грешиме.

Мартин тврди дека колбасиците треба да се пржат 30 минути на ниска температура, што е речиси двојно побрзо отколку што вообичаено се подготвуваат. Притоа треба да им се додаде и малку путер, и повремено да ги вртиме за да еднакво се испржат.

Ниската температура е важна, затоа што на неа нежно се топи свинската маст – што резултира со подобра крцкавост.

„Што е поголема температурата, таа маст помалку се топи, кожата брзо изгорува, а колбасицата не е рамномерно насекаде испечена. Затоа имате изгорена надворешност, а внатрешноста е жива и може да предизвика труење“, тврди Кинг.