Заборавен ранец пред банкомат крена паника во Куманово

Сподели со своите пријатели

Вчера вечерта околу 20 часот пред банкоматот на „Уни Банка“ лоциран во централното градско подрачје во Куманово полициски службеник од СВР Куманово забележал оставен црн ранец, соопшти денеска МВР.

Тој го пријавил случајот во СВР Куманово, по што за кусо време, десетина минути подоцна во кумановската полиција се јавил сопственикот на ранецот кој кажал дека го заборавил. За oвој случај, во СВР Куманово направена е службена белешка.

Заборавениот ранец предизвика сомневања кај кумановци, кои во тој период поминуваа во централното градско подрачје.