За викенд потопло, од вторник снег

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, во текот на денот облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 13 степени.

Loading...

Утре и за време на викендот времето ќе биде стабилно и суво со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст. По одделни котлини ќе има појава на утринска магла.

Во понеделник ќе дува засилен јужен ветер, а попладне од запад ќе започнат врнежи претежно од дожд. Од вторник ќе биде постудено и врнежите ќе преминуваат во снег.

Leave a Reply