За Велигден и Бајрам без рестриктивни мерки, најави Филипче

Сподели со своите пријатели

Велигден и Бајрам ќе ги поминеме без полициски час, најави денеска министерот за здравство Венко Филипче, кој појасни дека согласно новите препораки полицискиот час ќе почнува од 21, наместо како досега од 20 часот.

Loading...

За празниците нема да има никакви рестрикции, а ова било донесено утрово и допрва на седница на Владата треба да се прифатат новите мерки.

Новиот пакет мерки ќе предвидат и отворање на летните терааси на сите угостителски објекти.

– Утре на седница на Влада треба да се прифати отворање на летните тераси на сите угостителски објекти, полицискиот час ќе започнува од 21 часот, а за време на празниците нема да има полициски час и граѓаните слободно ќе се движат. Сето ова е резултат на навремено донесените мерки, рече министерот Филипче на денешната прес-конференција.

Бројот на испишани пациенти е поголем од бројот на примени и има намалување на новозаболените, со што епидемиолошката крива е во опашање.

Мерките ќе важат од завршувањето на сите празници, а потоа ќе се дискутира дали ќе се носат нови.

Никола Ивановски

Leave a Reply