За утре вклучен жолтиот метео аларм

Сподели со своите пријатели

Центарот за управување со кризи за утре прогласи жолта фаза на територијата на целата држава поради високите температури со кои ќе биде зафатена државата.

Највисоките температури за утре се предвидуваат до 39 степени и тоа во Скопје и Гевгелија, додека пак во Куманово утре ќе имаме температура околу 36 степени целзиусови.

Во петок попладне ќе настапи значителна промена на времето кога на повеќе места ќе има нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Врнежите ќе бидат пообилни преку ноќта кон сабота, особено во северните делови. В петок кон крајот на денот ќе почне да дува северен ветер кој повремено ќе се засилува и ќе предизвика нагло опаѓање на температурата.

За време на викендот ќе преовладува променливо облачно, ветровито и доста посвежо време со локални врнежи од дожд. Од понеделник се очекува повторно стабилизирање со постепен пораст на температурите.

 

Loading...