За утре УХМР најавува снег и замрзнат дожд

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, која во попладневните часови ќе започна да се зголемува, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува слаб ветер од јужен правец, со температура која ќе се движи во интервал од 3 до 9 степени целзиусови.

Во Куманово времето денеска ќе биде променливо облачно, а во вечерните часови облачноста ќе донесе врнежи од снег кој до понеделник попладне ќе достигне снежна покривка од 10 до 15 сантиметри, според информациите на порталот  accuweather.

Температурата во околината на Куманово во текот на денот ќе достигне 2 степени целзиусови, додека во текот на ноќта истата ќе падне 8 степени под нулата.

Од утре подрачјето на Република Македонија ќе биде под влијание на серија од влажни воздушни бранови, кои ќе предизвикат променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег, а на повисоките места и на планините од снег. Врнежите ќе бидат со променлив интензитет.

Утре ќе има врнежи од снег кои локално ќе бидат обилни и ќе се формира снежна покривка, особено во западните делови. На места ќе има и појава на замрзнат дожд, а кон крајот на денот во пониските подрачја врнежите ќе поминуваат во дожд, а интензитетот  постепено ќе се намалува.

Повремени локални врнежи од дожд  со променлив интензитет ќе има и во наредните денови. На планините врнежите ќе бидат од снег.