За среќен лет, бабичка фрлила монета во мотор од авион

Сподели со своите пријатели

На една стара бабичка од Кина не и било доволно што лета со компанијата „Лаки ер“ (анг. Lucky – среќен), па за среќен лет фрлила и монета кон моторот на авионот, по што надлежните органи ја привеле.

Инцидентот се случил во среда на аеродромот во градот Анчинг, во провинцијата Анхуи на истокот на Кина, соопштуваат локалните власти, а пренесува АФП, потсетувајќи дека ова е втор случај во иста година суеверните Кинези со фрлање на паричка за среќа да ја загрозуваат безбедноста на летот предизвикувајќи пречки во редот на летовите.

Суеверна баба за малку ќе предизвикала голема несреќа

Loading...

Сопатниците изјавиле дека бабичката фрлила паричка кон моторот при качувањето, а екипажот подоцна ја пронашол монетата на пистата покрај авионот, се наведува во одвоените соопштенија на авио компанијата, аеродромските власти и полицијата. Полицијата додава дека 76-годишната жена потоа била приведена. Не е прецизирано дали против неа ќе биде покрената тужба.

Компанијата „Лаки ер“ е во составот на групацијата „Хаинан Ерлајнс“. Авионот на лето од Анчинг до Кунминг, останал приземјен во текот на ноќта поради безбедносни проверки, а до целната дестинација аптниците ги одвел следното утро.

Кога пилотот ќе рече: „Ајде да се помолиме…“ (видео)

Во јуни ист настан се случи кога 80-годишна баба на аеродромот во Шангај фрли монета која се заглави во моторот на авионот. И таа беше приведена, но властите не покренале судска постапка поради нејзините години.