За сметка од 2.000 денари, ќе плаќаме 5 денари поевтина струја

Сподели со своите пријатели

Од утре поефтинување од 0,25 насто на цената на струјата за домаќинствата и останатите што се на регулираниот пазар, дознава 24 Вести. 

Ова е одллуката што се очекува да ја соопшти Регулаторната комсија за енергетика на пресот закажан за во 14 часот.

Инаку, од 1 јули освен домаќинствата, нова цена и за 158 квалификувани потрошувачи, меѓу кои фирми, јавни институции, амбасади кои од утре ќе излезат на слободниот пазар.

За нив, поефтинувањето е драстично поголемо. Дел од снабдувчите за 24 Вести велат дека ќе добиваат фактури со пониски цени на струјата во просек од 30 до 40 насто.

Владата ја пролонгираше либералзиацијата и ја подели во пет етапи, со што домаќинствата ќе излезат на слободниот пазар во 2020 година.