За Шведска сѐ уште не е јасно кој стои зад експлозиите на Северен тек

Сподели со своите пријатели

Шведското обвинителство соопшти дека останува непознато кој стои зад експлозиите на гасоводите „Северен тек 1“ и „Северен тек 2“ и дека нема да биде лесно да се најдат одговорните за саботажата.

Loading...

„Се надеваме дека ќе можеме да идентификуваме кој го извршил ова злосторство, но треба да се забележи дека веројатно ќе биде тешко со оглед на околностите“, рече обвинителот Матс Љунгквист, кој ги истражува експлозиите, во изјавата за Ројтерс.

Тој додаде дека шпекулациите за тоа што се случило не влијаат на текот на истрагата, која се заснова на факти и информации добиени како резултат на анализа, истрага на лице место и соработка со властите на Шведска и други земји“.

Во септември минатата година имаше експлозии на два гасоводи преку кои Русија извезува гас во Европа, Северен тек и Северен тек 2.

Германија, Данска и Шведска не ја исклучуваат можноста за саботажа, а истрагите сѐ уште се во тек, пренесува Танјуг.