За прв пат по шест години, Епл повторно е најдобар

Сподели со своите пријатели

Најновото истражување го покажува силниот раст на Епл на кинескиот пазар.

Loading...

Епл го престигна Виво во октомври 2021 година и стана најголемиот производител на телефони на кинескиот пазар.

Компанијата од Купертино на тој начин, за прв пат од декември 2015 година, ја освои титулата најголем бренд во Кина, според анализата на компанијата „Counterpoint Research“.

 

 

Најмногу за резултатот помогна продажбата на телефони од серијата Ајфон 13 на Епл, а продажбата на компанијата порасна за 46% на месечно ниво.

Другите производители забележаа пад на продажбата во текот на октомври, а тоа ги вклучува Виво, Оппо  и Хуавеј.

Loading...

Кинескиот пазар главно се фокусираше на премиум телефоните, што му помогна на Епл да постигне подобри продажни резултати, а многу корисници го чекаа „Денот на самците“ (11 ноември) за да купат нов телефон.