За подобро емоционално здравје: Помирете се со минатото!

Сподели со своите пријатели

Дали се грижите за вашето емоционално здравје или дозволувате минатото да управува со вашата сегашност? Ако сте подготвени да го зајакнете вашето емотивно здравје, еве 4 клучни принципи препорачани од велнес тренерот Чејс.

Loading...

Велнес тренерот и водител на подкасти Чејс Чевинг имал добра кариера, бил во најдобра физичка форма во својот живот и имал врска со девојка од соништата.

На почетокот би рекле дека сè е чудесно, но едноставно изгледа така. Имало еден проблем во сето ова, а тоа било неговото минато што го спречило.

Долго време се борел ментално да си го среди животот, се помирил и се збогувал со своето минато и го отворил патот кон нови можности. Денес им помагал на другите да го сторат истото.

Ако сте подготвени да го зајакнете вашето емоционално здравје, еве 4 клучни принципи што Чејс ги препорачува:

 

  1. Признајте

Вие не започнувате да го менувате вашиот животен стил се додека не признаете дека е време за тоа. Истото може да се каже и за вашето емоционално здравје.

Loading...

Бидете подготвени да признаете што ве кочи. Можеби е полесно да се каже отколку да се направи.

Првиот пат кога ќе си го признаете тоа нема да биде лесно како што не е лесен секој почеток, но ние секогаш го надминуваме.

  1. Истражете, прочитајте

Може да им помогне на многу луѓе да истражат сè за емоционалното здравје. Денес можете да најдете многу стручна литература, книги, статии, подкасти и лични искуства на оваа тема и многу други што ве интересираат во врска со емоционалното здравје.

Најдете време за себе и информирајте се, инспирирајте се и одете напред.

  1. Бидете смирени

Внесете смиреност во вашиот живот со мирни практики како јога, медитација или дневник. Дали секогаш ќе биде лесно? Не.

Дали секогаш ќе се чувствувате добро? Сигурно не. Како и новата рутина за вежбање, клучно е да поставите приоритет и да се држите до тоа.

 

Loading...
  1. Повикајте професионалец

Сигурно барем еднаш сте размислувале за приватен тренер во теретана, или порано сте имале.

Една од причините за ова е што на тој начин ќе научите како правилно да ја користите достапната опрема, што доведува до подобар напредок и помалку повреди.

Понекогаш единствениот начин да се оди понатаму е со помош на професионалец. Терапијата може да го зајакне вашиот сопствен план, како и да ве запознае со вистинските алатки за индивидуален емоционален успех.

Зајакнете го вашето емоционално здравје и помирете се со минатото. Тогаш ќе бидете подготвени за нови можности, пишува Your Tango.

Leave a Reply