За него велат дека е најзгодниот маж (44), а неговата многу помлада партнерка секојдневно се соочува со лоши коментари

Сподели со своите пријатели

Моделот Мајкл Стоматук (44) е неверојатно убав и сексипилен, и покрај неговата седа коса, изгледа помладо отколку што е. Неговиот приватен живот е уште поинтересен бидејќи од 2018 година е во врска со 19-години помладата Емили Даунинг.

Loading...

Иако одлично се сложуваат и нивната врска е хармонична, оваа бринета постојано добива пораки од непознати луѓе кои тврдат дека тој и бил неверен.

 

 

 

25-годишната девојка тврди дека буквално е бомбардирана со пораки со кои жените се обидуваат да ги разделат, а Мајкл додава дека на социјалните мрежи, жените и девојките секој ден се обидуваат да го заведат, иако гледаат дека тој не е слободен.

Патем, парот се запознале на час по јога, а првиот потег го повлекол овој инфлуенсер. Наскоро размениле броеви и излегле на првиот состанок каде го шетале неговото куче.

Loading...

„Донесовме вино и започнавме разговор. Три часа зборувавме само за нашите заеднички интереси и хобија. Мислам дека и двајцата знаевме дека се забавуваме, но поради претходната врска и разликата во возраста, и двајцата бевме прилично резервирани на почетокот и не сакавме да брзаме “, вели Мајкл.

 

 

Откако сфатија дека дефинитивно сакаат да бидат заедно, минатата година ги споделија среќните вести со семејството и пријателите. Откако нивната врска стана јавна, Мајкл доби многу позитивни коментари и пораки на „ТикТок“, но и оние некултурните и груби во кои жените го прашуваа „дали тој сака да биде нивен спонзор“.

„Почнав да објавувам снимки на ТикТок во 2020, кога ја открив таа платформа и навистина ме заинтригираше. Со текот на времето, се собраа многу следбеници – над половина милион, за што сум навистина благодарен, а честопати ме запираат и странци на улица и ми даваат коментари. како „Дали сте вие тоа секси момче од Тик Ток?“, „Ја имате најубавата насмевка“, „Те сакам“ и слично … Ми се додворуваат дури и кога сум со Емили “ , вели 44-годишникот.

 

 

Loading...

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Emily Downing (@emdowning)

Мајкл додаде дека сето тоа не влијае на нивната врска, но и дека не е пријатно што луѓето без помилување ја советуваат Емили да го напушти и дека тој е неверен кон неа.

„Не е вистина и Емили го знае тоа, но не и е лесно да слуша такви работи“, коментира тој.

„Постојат многу работи што сакаме да ги направиме заедно во иднина, особено патувањата, но ние се сакаме и сме само возбудени кога ќе видиме каде ќе не однесе нашата врска. Без разлика дали сакате некој кој е 20 години постар или помлад, не можете да изберете во кого ќе се заљубите.Сепак, она што мора да постои се истите интереси, во спротивно нема да успеете на долг рок “, посочува овој модел.

 

 

Leave a Reply