За него пишува целиот свет: Починал, го погребале, а тој се вратил дома пијан (видео)

Сподели со своите пријатели

Мексиканецот Мигел Ангел Гомар де Луна (74) минатата година избегал од старачкиот дом. Неговата зависност од алкохол била посилна од топлината на креветот и оброците. Заминал среде зима, а неколку месеци подоцна, семејството било контактирано од полицијата.

Им објасниле дека наишле на поприлично распаднато тело кое одговарало на описот на нивниот член на семејството. Фотографиите од телото ги покажале на неговата ќерка Луцери Гомар Рамос. Иако не можела да го препознае, потпишала дека тоа е нејзините татко, затоа што и било кажано дека нема да може да го преземе телото доколку официјално не потврди дека тоа навистина е тој.

„ВОСКРЕСНАЛ“ ПРЕД ПОГРЕБОТ: Роднините му подготвиле гроб, а тој се појавил жив (видео)

Loading...

Ќерката на несреќниот Мигел не сакала да ризикува па набргу била организирана и неговата кремација и погребот. Два месеци подоцна, кон крајот на февруари годинава, семејството примило уште еден повик.

– Вашиот татко и дедо сепак е жив. Полицијата го пронашла на улица додека просел за да купи алкохол, соопштиле полицајците.

 

 

Мигел истиот ден го довеле дома и тоа мртов пијан со завои околу главата, затоа што, паднал на глава среде повеќемесечните пијанства.

– Тие мислеле дека сум мртов, а јас само чекорам и чекорам, рекол Мигел пред камерите, а семејството е среќно, иако се уште се опоравува од позитивниот шок.

Сепак, ги чека многу бирократија. треба да се утврди чие тело кремирале, како и на Мигел да му се врати идентитетот со оглед дека правно е прогласен за мртов.