За наше Куманово: Оливер Илиевски по поразот на избори ќе биде вработен како портпарол на МВР, каде што ја вработил и својата сопруга

Сподели со своите пријатели

Кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ Оливер Илиевски неговата сопруга ја вработил во СВР Куманово при Министерството за внатрешни
работи, каде министер е Оливер Спасовски.

Loading...

Во моментов, не се знае кој е кандидат за градоначалник на Куманово. Дали е тоа Оливер Илиевски или Оливер Спасовски? На сите средби со граѓани, двајцата одат и стојат заедно еден до друг. Наместо Оливер Илиевски да зборува како кандидат за градоначалник, во негово својство зборува Оливер Спасовски злоупотребувајќи ја својата службена положба. Оливер Спасовски зборува, а Оливер Илиевски веднаш до него аплаудира!

Се зборува низ градот дека наводно Оливер Илиевски после оваа кандидатура можеби ќе биде вработен како портпарол во МВР, по примерот на својата сопруга која ја вработил како инспектор.

На Куманово му се потребни живи полицајци на терен, а не лежечки полицајци. Во Куманово полицијата ја немаме присутна на терен поради погрешниот пристап и внатрешната организација на ова министерство.

Но, затоа Стојанче Величковиќ началник на Секторот за внатрешни работи Куманово, активно работи за интересите на Оливер Илиевски, спортивно на
закон инволвиран во изборниот процес, присуствувајќи на партиски собири и штабови.Стојанче Величковиќ исто така својот син го вработил во МВР,
додека својата сопруга во Царинска Управа.

Ова се случуваше во времето против кое сите се боревме. За ова ли се боревме, да ни се случува уште пострашно сценарио од минатото?

Се вршат притисоци врз вработени во СВР при Министерството за внатрешни работи, во здравствени установи, во градинки и на вработени во образовните институции.

Лица вработени во државните институции се приморани да доставуваат списоци со 10 до 15 гласачи.

Loading...

Веќе видовме смс пораки како докази за овој притисок. Во меѓувреме луѓе возат мопеди по Градскиот плоштад, поминуваат униформирани лица и воопшто не реагираат. Полициска станица е комплетно реконструирана без никаква дозвола во Куманово. Нема добиено никаква согласност, нема
градежна дозвола и документација.

Како е ова можно во една држава? Системот лошо се менаџира. Вака ли изгледа најдоброто менаџирање со таква државна институција?