„За наше Куманово“ и „СДСМ“ со најмногу гласови за советничките листи

Сподели со своите пријатели

Кандидатските листи за советници на граѓанската иницијатива „За наше Куманово“ предводена од Ивана Ѓорѓиевска и „СДСМ“ освоија најмногу гласови на локалните избори, покажуваат податоците откако Државната изборна комисија ги обработи сите гласови.

Loading...

СДСМ има освоено нешто над илјада гласа повеќе, односно имаат 11.688 гласови (23,32%), додека кандидатската листа предводена од Ивана Ѓорѓиевска има 10.258 гласови (22,22%).

Зад нив е кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Елена Доцевска Божиновска има освоено 8.794 гласови или 19,05%.

Следува ДУИ чија кандидатска листа предводена од Арта Мехмети Адеми, има освоено 5.054 гласови, односно 10,95 проценти од гласовите.

 

 

Листата на Алијанса за Албанците и Алтернатива предводена од Дритон Сулејмани, има освоено вкупно 2.553 гласови или 5,53 отсто од сите гласови.

Loading...

Потоа е Левица чиј носител на листа е Никола Лазаревски, со 2.020 гласови или 4,38 проценти, БЕСА со носителот Хуљуси Асипи имаат освоено 1.231 глас или 2,67 отсто од гласовите.

Коалицијата на ЛДП и ДОМ чиј носител на кандидатска листа е Валентин Ефтимовски, има освоено 1.012 гласови или 2,19 отсто од гласовите.

Граѓанската иницијатива „За чисот и хумано Куманово“  предводена од Сузана Ѓорѓевиќ има освоено 692 гласови или 1,5 отсто од гласовите.

Граѓанската иницијатива „Фронт“ предводена од Милош Стаменковиќ има 577 гласови или 1,25 проценти од вкупниот број на гласови.

 

 

Интегра со носителот Виолета Арсовска има освоено 197 гласови или 0,43 проценти од гласовите, додека најмалку има кандидатската листа на Единствена Македонија со носителот Сунчица Павлова кои имаат 190 гласови или 0,41 процент од вкупниот број на гласови.

Loading...

Овие податоци се официјални и се базират на сите обработени избирачки места од страна на Државната изборна комисија, или 99,88 отсто од вкупниот број на гласови.

За разлика од изборот за градоначалник каде во вториот круг ќе се „тркаат“ Максим Димитриевски од граѓанската иницијатива „За наше Куманово“ и Оливер Илиевски од СДСМ, гласањето за членови на Советот на Општина Куманово завршува во првиот круг и се очекува ДИК наскоро да објави како ќе бидат распределени 33те советнички места.

Никола Ивановски