За Калиопи нема место во евровизиското финале (видео)

Сподели со своите пријатели

Секој ден не е Велигден, па така најверојатно и секоја година не може Калиопи да влезе во финале. Таа вчеравечер настапи на големата евровизиска сцена во Шведска, каде со својата песна „Дона“ не успеа да си обезбеди повеќе гласови и Македонија да ја внесе во финале.

Како и да е, едно нешто е сигурно Македонија мора да изнајде начин на Евровизија да испрати квалитетна песна, а не само квалитетен пејач, кој ќе биде купен за политичка кампања на следните избори.

Утревечер во 21 часот е големото финале, каде за разлика од нас, северниот и источниот сосед се најдоа меѓу 25-те пласирани.