За една седмица екипите на Црвениот Крст пружиле помош на скоро 15 илјади бегалци

Сподели со своите пријатели

Како што стои во билтенот на Регионалниот центар за управување со кризи во изминатите седум дена, односно во период од 21-ви до 28-ми ноември, мобилните екипи на Црвениот Крст на пунктот на Табановце, помош укажале на скоро 15 илјади бегалци.

Loading...

Се работи за точна бројка од 14.388 бегалци од кои 3.211 на возраст помала од 10 години, 177 биле бремени жени, додека 8.355 добиле прва медицинска помош, при што и едно лице е транспортирано во кумановската болница.

Во последната седмица биле пооделени 7.797 литри вода,  2.729 ќебиња,  647 пакети со храна,  265 хигиенски пакети,  83 бебешки пакети,  8 пакетчиња бисквити,  263 чоколадни млека,  15 пакувања пелени за бебе,  407 вреќи за спиење,  чорапи – 351 пар,  пакети прва помош 91,  дистрибуиран чај: 11.320 чаши, дистрибуирана супа: 8.945 чинии