За две недели Куманово добива нов Ургентен центар (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

За две недели треба да започне со работа новиот Ургентен центар во Куманово, најави денеска министерот за здравство Венко Филипче кој го промовираше новиот објект заедно со вицепремиерот и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, директорката на кумановската болница Снежана Захариева и градоначалникот Максим Димитриевски.

Loading...

Градежните работи се целосно завршени, останува уште објектот да добие употребна дозвола. Министерот Филипче го опиша како значаен објект не само за Североисточниот регион, туку за целиот здравствен систем на земјата, бидејќи Општа болница Куманово е на високо стручно ниво со огромен број пациенти.

– Од функционална гледна точка за прв пат се обединуваат на едно место амбулантните за анестезиологија, хирургија и ортопедија што е светски и европски стандард, што досега не беше така во оваа болница. На едно место пациентите ќе може да бидат примени, веднаш да се направи компјутеризирана томографија, преглед од повеќе специјалисти и да се види што и како понатаму, изјави Филипче.

Како што додаде министерот, во текот на минатата година голем број лекари и медицински сестри се примени во кумановската болница, а дел од нив веќе се вратиле и од специјализација.

Loading...

Следниот чекор на кој ќе се оди, како што додаде министерот за здравство, е истиот да стане клиничка болница.

Ургентниот центар во Куманово беше промовиран кон крајот на минатата година, меѓутоа градежните работи штотуку завршија.

Како што истакна директорката на кумановската болница, Снежана Захариева, на едно место пациентите во новиот Ургентен центар ќе можат да направат преглед со комплетна дијагностика.

– Сметам дека со тоа на пациентите ќе им биде големо оленсување пристапот до нашите хирушки тимови. Што се однесува до персоналот, не само што ќе имаат убав амбиент и адекватно уреден простор за работа, туку ќе има можност повеќе екипи да бидат присутни на едно место, за помош, заеднички третман на пациентите, така да ова одамна му требаше на Куманово како центар во кој се згрижуваат хирушки пациенти не само од нашиот град, туку од целиот регион, рече Захариева.

Loading...

Целата инвестиција на новиот Ургентен центар во Куманово изнесува 900.000 евра.

Leave a Reply