За две минути и кандидатот на „За наше Куманово“ и кандидатот на СДСМ пријавиле напад еден од друг

Сподели со своите пријатели

Кандидатот за советник на општина Куманово од редовите на граѓанската иницијатива „За наше Куманово“ Реџеп Реџеповски бил две минути побрз од кандидатот на СДСМ Самет Салиевски кога е во прашање пријавување на меѓусебен физички напад во полицијата.

Loading...

Како што информираат од Секторот за внатрешни работи Реџеповски пријавил дека го нападнале Салиевски и неговиот татко, додека Салиевски пријавил  дека бил нападнат од Реџеповски.

– На 23.10.2021 година во 14.15 часот во СВР Куманово Р.Р.  пријавил дека во населбата Средорек бил физички  нападнат од С.С. и неговиот татко. Истиот ден во 14.17 часот С.С. пријавил дека бил физички нападнат од Р.Р., информираат од кумановската полиција.

Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Инаку, вчера на прес конференција портпаролот на граѓанската иницијатива „За наше Куманово“ Николај Павловски обвини дека кандидатот за советник Реџеп Реџепвски бил нападнат од кандидатот на СДСМ Самет Салиевски, кој подоцна исто така одржа прес конференција и ги упати истите обвинувања.

Никола Ивановски