За два дена кумановската полиција казни над 50 возачи и пешаци

Сподели со своите пријатели

Сообраќајната полиција при Секторот за внатрешни работи Куманово во текот на изминатите два дена напишала вкупно 50 казни за возачите, но и пешаците.

Loading...

– Во текот на изминатите два дена СВР Куманово продолжи со акциски контроли во областа на сообраќајот. На подрачјето на Куманово изречени се вкупно 52 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 26 санкции, 15 санкции за непрописно престигнување и 11 за пешаци кои не ги почитувале сообраќајните прописи, информираат од кумановската полиција.

Акциските контроли, велат од СВР Куманово, продолжуваат и во наредните денови.

– Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, стои во соопштението.

Никола Ивановски