За домашните миленичиња остануваат востановените термини и за време на претстојниот продолжен викенд

Сподели со своите пријатели

Граѓаните ќе можат да ги шетаат своите миленици во недела и понеделник кога на сила ќе биде полицискиот час.

Loading...

Во врска со измените и дополнувањата донесени на 56-тата седница на Владата за време на претстојниот викенд ги потсетуваме граѓаните дека времето за прошетки на миленичињата останува во востановените термини.

Граѓаните, во периодот кога важи забраната за движење, своите миленичиња ќе можат да ги изнесуваат наутро од 08:00 до 08:30 часот, потоа попладне од 15:00 до 15:30 часот, како и навечер од 20:00 до 20:30 часот, до 100 метри оддалеченост од живеалиштето и со примена на останатите мерки за лична заштита.

Никола Ивановски

Leave a Reply