За да не плати нападнал контролор на ЈП „Куманово паркинг“

Сподели со своите пријатели

Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против Р.К.(28) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење на службено дејствие“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Имено на 30.05.2016 година во 15,40 часот во Куманово на паркинг просторот на улицата „Илинденска“ пријавениот со намера да одбегне плаќање на паркинг, а притоа и да го спречи при преземање на своите службени дејствија, физички нападнал контролор во Јавното претпријатие „Куманово Паркинг“