ЗА АНТИЧКИТЕ ЛУЃЕ БИЛО ТРАДИЦИЈА: Како настанале тетоважите и зошто луѓето тогаш се тетовирале!

Сподели со своите пријатели

Помина времето кога тетоважите ги носеа само сомнителни ликови, моторџии, морнари. Денес, тетоважите може да се класифицираат како уметност без никакви проблеми, а ние денес ги претставуваме како такви.

Loading...

 

 

Покрај тоа што служат како начин за трајно украсување на телото, тетоважите се форма на изразување и зачувување на спомените. Историјата на тетоважите трае неверојатни пет илјади години и тие се разновидни како и луѓето што ги носат. Тетоважите се создаваат со нанесување боја под нивото на кожата со помош на игли, а се верува дека првите тетоважи се создадени случајно. Некој еднаш имал рана што ја протрил со валкана рака одпепел и саѓе. Кога раната зараснала под кожата, останал траен белег – и така се создадени тетоважите.

И покрај фактот дека трендот на тетовирање расте од ден на ден уште од античко време, нема многу историски записи поврзани со овие „подвижни слики“.

Во деведесеттите години на минатиот век, според некои проценки, било пронајдено тело старо илјада години, кое имало видливи тетоважи на кожата и стигнало до насловните страници на сите светски медиуми. Телото било пронајдено на планините помеѓу Австрија и Италија, а имало дури 57 тетоважи.

 

Loading...

 

Дали сте за или против тетоважи?

Случајот со рускиот археолог Сергеј Руденко, кој пронашол тело старо 2.400 години, на 150 километри северно од руско-кинеската граница во 1948 година, исто така потврдува дека културата на тетоважа постои многу подолго отколку што мислиме. Имено, на телото што го пронашол, јасно се гледале тетоважи на кои се прикажани разни животни, грифони и чудовишта за кои се верува дека имале магично значење, а за некои се верува дека биле чисто декоративни.

Тетоважите се поврзани со многу антички народи. Се верува дека Египќаните практикувале тетовирање, уште две илјади години пред Христос, додека најстарите јапонски тетоважи биле забележани дури три илјади години пред Христа.

Земји за кои се знае дека имаат тетоважи во својата традиција со векови се: Индонезија, Нов Зеланд, Индија, Полинезија, па дури и некои европски земји како што се Грција, Франција, Англија.

 

Loading...

 

Тетоважите направени од антички народи претежно биле дел од некои ритуали, додека нивната улога денес е претежно декоративна.

За да се отстрани лошата репутација за луѓето што се тетовираат и оние кои тетовираат, во Америка беше снимена емисија која следеше животи на неколку тату мајстори,нивните приказни и искуства, како и трогателните причини на луѓето кои одлучуваа да се тетовираат.