За 40% зголемена потрошувачката на вода во Куманово

Сподели со своите пријатели

Потрошувачката на вода во Куманово летово бележи значително зголемување.

Loading...

Скоро за 40 отсто е зголемена потрошувачката на вода во летните месеци и изнесува 340 литри вода во секунда, додека редовната е околу 260, информираат надлежните од Јавното претпријатие „Водовод“.

– Апелираме да не се мијат автомобили, да се сведе на минимум наводнување за да имаме вода, за да не се соочиме со недостиг на вода на пониски зони, вели Тони Јовчевски, раководител на Одделение за водоснабдителни објекти при ЈП „Водовод“.

Најголема потрошувачка на вода деновиве има во високата зона од градот и тоа во вечерните часови, односно од 19 до 24 часот.

Никола Ивановски

Leave a Reply