За 30 години коалите целосно ќе изумрат

Сподели со своите пријатели

Зголеменото уништување на шумите за земјоделски земјишта до 2050. година би можело да предизвика изумирање на коалите во австралиската сојузна држава Нов Јужен Велс, предупредуваат конзерваторите.

Според извештајот на Светскиот фонд за заштита на природата (WWF) и Советот за заштита на природата, научниците користеле сателитски снимки за мерења на забрзаната стапка на намалувањето на шумите за да се измери влијанието врз ранливоста на загрозените видови.

– Австралискиот WWF проценува дека во сојузната држава Нов Јужен Велст останале помалку од 20.000 коали, па дека со оваа темпо можат целосно да изумрат до 2050. година, изјавил конзерваторот на WWF, Стјуарт Бланч.

Австралија вложува милиони за опстанок на коалите

Loading...

– Мораме да го спречиме претераното намалување на шумите ако сакаме да ги задржиме коалите во дивината, додава тој.

Извештајот е објавен на Светскиот ден на загрозените видови, со кој се одблежува смртта на последниот тасманиски тигар во зоолошката градина во Хобарт во 1936. година.

Од Владата на Нов Јужен Велс негираат дека намалувањето на шумите ги загрозува живеалиштата на коалите за кои тврдат дека се заштитени. Додаваат дека новите истражувања покажале дека бројот на коалите во дивината е многу поголем од она што претходно се мислело.

Австралискта фондација за заштита на коалите проценува дека ширум Австралија има помалку од 100.000 коали, можно дури и околу 43.000. Ги загрозува губитокот на живеалиштата, напади од кучиња, пожари и сообраќајни несреќи.

Коалите се класифицирани како ранливи поради губитокот на живеалиштата, меѓутоа од Фондацијата сметаат дека би требало да се класифицираат како „критично загрозени“ и наведуваат дека треба да се заштитат поголемиот дел од живеалиштата.

Leave a Reply