За 15.000 долари купил слики кои можеби вредат милиони

Сподели со своите пријатели

Купувањето на многу отфрлени слики би можела повеќекратно да му се исплати на њујоршскиот трговец со уметнички дела Дејвид Килен, кој верува дека меѓу нив има и шест дела познатиот холандски сликар Вилем де Конин, вредни десетици милиони долари.

Иако се двоумел, мислејќи дека станува збор за многу „отпад“, Килен, сопственик на галеријата во Њујорк, одлучил минатата година да купи околу 200 уметнички дела за 15.000 долари, сметајќи дека ќе ги продаде на своите аукции, пренесува Њујорк пост.

Меѓутоа, како што започнал да ги става во камион отфрлените слики од еден магацин во градот Хо-Хо-Кус во сојузната држава Њу Џерси, останал без зборови.

Украдена графика од Пикасо, награда од 5.000 евра за било каква информација

Loading...

– Ги видов тие големи кутии на кои пишуваше Де Конин. Какви се шансите да се најде Де Конин во едно складиште? Невидено, рекол Килен.

Тој е убеден дека сега е сопственик на шест дела од аспстрактниот експресионист, а верува и дека автор на една од сликите е швајцарскиот сликар Паул Кле.

Де Кониновите сликите можат да вредат од 30.000 до неколку десетици милиони долари, наведува Килен. Една негова слика достигна цена од 66,3 милиони долари на аукција во 2016. година.

Тој од Холандија се преселил во САД, каде и починал во 1997. година.

Leave a Reply