За 11 дена вкупно 800 земјотреси во охридско

Сподели со своите пријатели

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ја следи сеизмичката активност која потекнува од охридското епицентрално подрачје.

Серијата на земјотреси започна на 18.6.2017 и до денес 29.6.2017 година, регистрирани се повеќе од 800 земјотреси, кои се воглавном слаби со Рихтерова магнитуда помеѓу 1 и 2.

Со Рихтерова магнитуда помеѓу 2 и 3 беа регистрирани 31 земјотрес а со магнитуда поголема 3 беа регистрирани 4 земјотреса. Најсилниот се случи на 20.6.2017 во 15 часот и 10 минути. Тој беше со Рихтерова магнитуда 3.6  и беше почувсвуван во епицентралното подрачје со интензитет од V степени според Европската Макросеизмичка Скала.

Од утринава регистрирани се 10-тина земјотреси кои се почувствувани во епицентралното подрачје со интензитет од III степени според Европската Макросеизмичка Скала.