Xiaomi го престигна Apple во продажбата на телефони

Сподели со своите пријатели

Пазарот на телефони полека се опоравува во споредба со првите денови на пандемијата од КОВИД-19, и како резултат на тоа, исто така, се бележат промени во испораката на пазарот.

Loading...

Аналитичката фирма Гартнер предвидува дека Xiaomi го престигна Apple кога е во прашање продажбата на телефони, во текот на третиот квартал на 2020 година.

Кинеската компанија забележа раст од 32,9 милиони испорачани телефони една година порано (8,5% од пазарот) на 44,4 милиони (12,1 процент) ова лето.

Епл исто така бележи раст, но пратките на компанијата од 40,6 милиони телефони претставуваат помал пад во споредба со 2019 година.

На врвот, Самсунг го задржа водството со испорака од 88,2 милиони телефони (22 проценти од пазарот).

 

 

Loading...

Huawei претрпе најголем удар и падна од 65,8 милиони телефони минатата година на 51,8 милиони. Ова не е изненадување со оглед на санкциите што компанијата ги доби од страна на американската администрација.

Гартнер истакнува дека целиот екосистем на телефоните бил во многу подобра позиција во текот на претходниот квартал отколку што бил спореден со почетокот на 2020 година.

Продажбата продолжи да опаѓа за 5,7 проценти, но тоа е значително подобар резултат во споредба со падот од 20% во првиот и вториот квартал од оваа година.

Најмногу во ситуацијата придонесоа речиси нормализираните услови на кинескиот пазар, а има и навестувања за заживување на азиско-пацифичкиот пазар и Латинска Америка.

Останува да се види каква ќе биде состојбата на пазарот во текот на четвртиот квартал, со новите модели на iPhone претставени од Apple и комплицираната ситуација во која сеуште се наоѓа Huawei.

Leave a Reply