Вучиќ: Се надевам на решение, иако воопшто не верувам во тоа

Сподели со своите пријатели

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во Брисел се сретна со високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел и со специјалниот претставник на ЕУ за дијалог Мирослав Лајчак, како дел од продолжувањето на дијалогот меѓу Белград и Приштина на највисоко ниво по повеќе од една година.

Loading...

„Почеток на разговорот за суштинските проблеми на Косово и Метохија. Се надевам на некакво решение, иако воопшто не верувам во тоа“, изјави Вучиќ на Инстаграм.

Претходно Борел и Лајчак разговараа со косовскиот премиер Албин Курти, а по средбата со Вучиќ треба да следи заедничка средба, според планираното.

Вучиќ вчера изјави дека денешните разговори ќе бидат тешки, бидејќи нема договор со Приштина за речиси секое прашање, но дека Србија ќе го почитува меѓународното јавно право, Повелбата на ОН, Резолуцијата на ОН и Бриселскиот договор, сето она што е потпишано.