Вучиќ: Опозицијата измислува невистини за изборни кражби

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Српската напредна партија (СНС), Александар Вучиќ изјави дека опозицијата измислува невистинити за изборна кражба затоа што знае дека и овие избори ќе ги загуби, а дека ќе победи листата „Александар Вучиќ – Затоа што го сакаме Белград“.

Предноста на СНС во однос на останатите партии била два отсто, а денеска значително се зголемила затоа што опозицијата испратил лоши пораки, пораки со омраза, рекол Вучиќ на прес конференцијата по седницата на Претседателството на партијата, коментирајќи ги наводите на опозицијата дека планираат изборна кражба на изборите во белград.

Движењето на слободни граѓани оценува дека СНС се свесни дека единствено со нова изборна кражба можат да останат на власт и дека е тоа причината што денеска, спротивно на законот, изгласале мнозинството во Изборната комисија на Град Белград да го сочинуваат претставници на СНС. Од партијата на Вучиќ подоцна ги отвфрија тврдењата.

 

Loading...