Вучиќ и Тачи денеска на средба во Брисел

Сподели со своите пријатели

Претседателите на Србија и Косово, Александар Вучиќ и Хашим Тачи денеска треба да се сретнат во брисел за да се разгледа состојбата во односите помеѓи Белград и Приштина, примената на постоечките договори и размената на ставови по повод новата фаза од дијалогот за сеопфатна нормализација на односите.

Состанокот го организира високата претставничка на ЕУ, Федерика Могерини.

Во поканата на претседателите, Могерини нагласила дека на 23 март ќе се разговара за „фазата од дијалогот кој се однесува на сеопфатна нормализација“ и дека ќе се „разгледа работата која е во текот на примената на постоечките договори“.

Во прашање е прв состанок на високо политичко ниво во рамките на дијалото помеѓу Белград и Приштина од почетокот на оваа година, а трет откако минатата година форматот на политички дијалот на двете страни премина од премиерот на претседатели на Србија и Косово.

Во ЕУ ја напомнуваат важноста од интензивирање на дијалогот со очекување на целосна имплементација на Бриселскиот договор, но и постигнување на сеопфатно решавање и правно обврзувачки договор за целосна нормализација во односите на двете држави.

Leave a Reply