Вучиќ до Макрон: Побрзајте со тие длабоки реформи во ЕУ

Сподели со своите пријатели

Вучиќ, по обраќањето на Макрон рекол дека францускиот претседател успеал да допре до срцата на граѓаните на Србија.

Loading...

– И многу сум среќен поради тоа. А знаете ли зошто успеавте во тоа? Не се што кажавте беше лесно за нашиот народ, но ги купивте срцата на нашите луѓе затоа што не биравте да зборувате во некои четири ѕида, туку дојдовте пред народот на Србија и ним им зборувавте што мислите, и луѓето во Србија тоа најмногу го почитуваат. Вие сте единствен кој дојдовте и рековте нема да зборувам пред 10 или 20 истомисленици, сакам да зборувам со граѓаните и овие прекрасни луѓе ви го отворија срцето, рекоа „Големиот Макрон покажува почит кон нас, кон Србија“, реко Вулиќ.

Тој го замолил францускиот колега да ги забрза длабоките реформи во Еу за да Србија што побрзо влезе во таа заедница.

– Рече Макрон дека Европа длабински ќе се реформира, како ќе оди во таа насока, така ќе биде и за Србија, а јас вам ви велам – вие вечерва тука за нас го кажавте она што ретко кој го кажал, рековте дека Србија ви е во срцето. Побрзајте со длабинските реформи, помогнете и на Србија, овие граѓани, ќе ве паметат засекогаш рекол Вучиќ.

Макрон на српски јазик зборуваше пред граѓаните на Калемегдан.

– На мене е ред да кажам во името на својта земја – Франција ве сака како што вие ја сакате неа. Франција знае што се должи за мачната Србија од Големата војна, што должи на нејзините војници загинати за да живееме слободно. Франција никогаш нема да го заборави жртвувањето на српскиот народ, пролиената крв, загинувањата, непресушната болка на преживеаните, рекол Макрон.

Францускиот претседател Емануел Макрон е во дводневна посета на официјален Белград.

Фото: N1 printscreen

Loading...

Leave a Reply