Втора година по ред ќе се плива за светиот крст во Затворениот градски базен

Сподели со своите пријатели

По повод претстојниот празник Богојавление – Водици, традиционално се организира пливање по крст во Затворениот градски базен. Настанот ќе се одржи утре со почеток во 11:45 часот.

Манифестацијата е во организација на пливачките клубови „Аква“, „Немо“, „Делфин“ и „Тумба“, а под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општина Куманово и кумановско-осоговската епархија.

– Втора година по ред се организира оваа манифестација и по светиот крст ќе пливаат околу 100 граѓани на општина Куманово. Целта ни е спојување на традицијата и модерното и се надевам дека од година во година бројката запливање по светиот крст ќе расне , изјави Александар Спирковски, пливачки клуб  „Делфин“ Куманово

За таа цел, сите заинтересирани лица кои сакаат да земат учество во настанот, можат да се пријават најдоцна до 18.01.2018 година, во просториите на Затворениот Базен.