Втора година по ред без новогодишна прослава на градскиот плоштад

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово и оваа година се откажува од организиран пречен на Нова година на градскиот плоштад.

Откако заинтересираноста на кумановци најлудата ноќ во годината да ја дочекаат во ресторани и кафеани или пак на некое патување, допринесе за намален интерес за прослава на градскиот плоштад, надлежните одлучија да не „фрлаат“ пари за скапите хонорари на пејачите.

Од општината велат дека издвојувањето на високи хонорари на познатите ѕвезди во услови на тешката економска состојба во земјата не смее да се прави, па така на 29ти ќе биде организирана поскромна, но целодневна забава на градскиот плоштад.

Во изминатите години пред споменикот на Батко Ѓоргија настапуваа Северина, Хари Мата Хари, Црвена Јабука, Синтезис, Владо Јаневски, Регина, Даниела Мартиновиќ и многу други, но откако споменикот остана единствениот слушател, а Дамјановски и неговата сопруга единствени што доаѓаа на полноќ, општината одлучи да не се раасфрла бадијала.