Втор пораз за ЖРК Куманово во Полска

Сподели со своите пријатели

Ракометарките на Куманово се елиминирани од Челинџ Купот. Во рамките на 3 коло, македонскиот тим и вторпат загуби од полскиот тим МКС Селгрос Лублин. Домашните ракометарки за разлика од првиот меч, сега беа помалку заинтересирани, па победија „само“ со 23 голови разлика, 18:41.

Победата за Лублин беше обезбедена уште во првиот дел кога поведоа со 21:7. Во вториот дел домаќинките само ја зголемуваа предноста до конечни 23 разлика, 18:41. Најефикасна во полскиот тим беше Ночун со 11 голови, додека Боризовска и Пеовска дадоа по 6 голови.

Елиминациите на Металург и Куманово од Челинџ Купот, со вкупни 104 голови разлика од тимови од вториот европски ешалон како Малага или Лублин, само ни покажаа каде се наоѓа женскиот клупски ракомет во Европа.

Фото: Grzegorz Grzes Winnicki / Текст: ракомет24.м