Втор ден од самитот на лидерите на ЕУ

Сподели со своите пријатели

Лидерите на Европската унија синоќа на самитот во Брисел ја поддржаа одлуката за итно испраќање на милион парчиња артилериска муниција во Украина преку заедничка набавка.

Loading...

Милијарда евра ќе се обезбедат за набавка на муниција од постоечките залихи, а уште една милијарда за нарачка муниција.

На самитот се разговараше и за конкурентноста на економијата на Унијата во однос на Кина и САД.

Се разговараше и за 11-тиот пакет санкции.

-Европската унија е обединета, дејствува заедно и солидарно. Ова е нешто што Путин никогаш не го имал на ум, дека поддршката за Украина би била толку единствена и толку долга. Подготвени сме да ја поддржуваме Украина онолку колку што е навистина потребно, изјави Олаф Шолц, германски канцелар.

– Важно е да се забрзаат европските капацитети кога станува збор за опремата, а една од темите ќе биде и зголемувањето на нашите можности во набавката и производството на оружје и, на пример, муниција. Мислам дека беше многу важна одлука, донесена оваа недела, дека на Украина ќе и обезбедиме повеќе муниција, која навистина и е потребна секој ден, изјави Финската премиерка Сана Марин.

– Како дел од десеттиот пакет санкции, предвидовме можност на листата да се вклучат лица, компании и други субјекти од трети земји за кои гледаме дека ги заобиколуваат санкциите на ЕУ против Русија. Значи, има пакет мерки што веќе ги презедовме, но секако не е доволен. Затоа 11-тиот пакет главно ќе се занимава со прашањето за нивно заобиколување и како можеме да се спротивставиме, изјави Урсула фон дер Лајен, претседател на Европската комисија.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...