Вселенските туристи покажаа како се забавуваат во услови на нулта гравитација (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Компјутерскиот инженер Крис Себроски (42) од првиот целосно цивилен екипаж за летање во орбитата околу Земјата влезе во историјата, бидејќи беше прикажан како игра укулели во услови на нулта гравитација во капсулата на SpaceX, километри над површината на нашата планета.

Loading...

Семброски свиреше неколку акорди за гледачите кои го следеа десетминутното емитување на адресата на четиричлениот екипаж за време на летот над Европа со брзина од околу 28.000 километри на час преку „Јутјуб“.

 

„Спејс Екс“ е приватна компанија за производство на ракети и летови во вселената, чиј сопственик е основачот и директорот на „Тесла“, Илон Маск. Тој најави дека во текот на денот се очекува враќање на екипажот на Земјата.

Се очекува капсулата со екипажот да се спушти во водите на Атлантикот кај брегот на Флорида околу полноќ по средноевропско време, објави компанијата.

Капсулата „кру драгон“ беше лансирана со ракета од Флорида, а контролата на летот се наоѓа во предградието на Лос Анџелес.

Семброски не беше единствениот кој покажа како го поминува слободното време во бестежинска состојба.

Loading...

 

Геонаучникот и поранешен кандидат на НАСА за астронаут Сијан Проктор (51) покажа уметничко дело што го направи во орбитата-цртеж со фломастери што покажува полетување на капсула што ја носи змеј.

Хејли Арсенон (29), докторка во Детскиот истражувачки центар „Сент Џуд“ во Тенеси, каде порано се лечела од рак, се сврте околу кабината за да и го претстави на публиката чувството на бестежинска состојба.