Вртоглави 770 милијарди долари ќе тежи воениот буџет на САД за 2022 година

Сподели со своите пријатели

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес го одобри воениот буџет за фискалната 2022 година во вкупен износ од 770 милијарди долари.

Loading...

Воениот буџет, односно Законот за овластување на националната одбрана го поддржале вкупно 363 конгресмени, а 70 биле против, јавува агенцијата Ројтерс.

Буџетот сега треба да биде одобрен од Сенатот, по што ќе биде доставен до претседателот на потпишување.

Според Ројтерс, станува збор за огромен годишен воен буџет, кој е за 25 милијарди долари повисок од она што го побара претседателот Џо Бајден и речиси пет отсто поголем од минатогодишниот буџет.

Предлог-законот, кој е резултат на интензивните преговори меѓу Претставничкиот дом и Сенатот, покрај стратегиите за справување со геополитичките закани, вклучува зголемување на платите за војниците за 2,7 отсто, како и купување авиони и поморски бродови.

 

 

Loading...

Работење заедно

На оваа верзија на законот работеа двата дома на американскиот Конгрес, а во неа, меѓу другото, е опфатена и одредбата за доделување четири милијарди долари за Европската одбранбена иницијатива, која, според руската агенција ТАСС, е насочена против Русија.

Вкупно 300 милијарди долари ќе бидат издвоени за воена помош за Украина, додека уште 150 милиони долари ќе бидат наменети за безбедносна соработка со балтичките земји.

Сепак, конгресмените ја исклучија одредбата за воведување санкции против проектот за гасоводот „Северен тек 2“ од договорениот предлог-закон, со што од конечната верзија се отстрануваат поединечните санкции против 35 Руси, меѓу кои и министри, бизнисмени и новинари.

Пратениците, исто така, го испуштија амандманот со кој им се забранува на Американците да купуваат руски државни обврзници.

Што се однесува до Кина, буџетот вклучува 7,1 милијарди долари за Иницијативата за одбрана на Пацификот, како и изјава за американската поддршка за одбраната на Тајван.

Предлогот со кој се бараше од жените да се регистрираат за да можат и тие да бидат регрутирани во армијата беше отстранет од конечната верзија на Законот.

 

Loading...