26.05.2018 11:12

Вршејќи увид на вагон го удрила струја, со изгореници пренесен во Скопје

loading...

Вчера околу 16.00 часот во Полициската станица Куманово било пријавено дека на Граничниот премин Железничка станица Табановце инспекторот по животна средина Б.З.(43) од село Слупчане, општина Липково, се здобил се тешки телесни повреди при струен удар. Б.З. вршел преглед на теретен воз кој сообраќа на релација Унгарија – Грција, кој бил во композиција од 15 вагони, информираат од Министерството за внатрешни работи.

ДРАМА НА ТАБАНОВЦЕ: Хемикалии течеле од цистерна, едно лице повредено

Се качил на вагон-цистерна од која истекувало натриумхиперхлорид и во еден најверојатно ги допрел жиците со струја со висок напон, при што дошло до струен удар, а тој бил отфрлен од цистерната и паднал на земја. Б.З. се здобил со изгореници по целото тело и со екипа на Итна медицинска помош бил во Медицински центар Куманово, од каде бил препратен на КАРИЛ при комплексто клиники „Мајка тереза“ во Скопје.

Увид на местото на настанот извршиле увидна екипа од СВР Куманово и инспектор за заштита и здравје при работа. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments