Врнежите денеска ќе формираат нова снежна покривка

Сподели со своите пријатели

Преку ноќта и изутринава времето во Македонија беше облачно со врнежи од дожд и снег, а на планините и на повисоките места од снег.

Loading...

Денеска, според синоптичарите на УХМР, нашето подрачје ќе потпадне под влијание на нов и студен влажен бран, кој ќе услови врнежи претежно од снег, а во југоисточните делови од дожд и снег.

На повеќе места врнежите ќе бидат обилни. Во југоисточните делови ќе бидат претежно од дожд (над 40л/м 2 ), а во останатите од снег и ќе се формира нова позначителна снежна покривка. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, долж Повардарието повремено ќе се засилува. Максималната температура ќе биде во интервал од 0 до 5 степени.

Утре во источните делови ќе има локални врнежи од снег, само во крајните југоисточни делови од дожд. Во недела ќе биде претежно сончево со ниски утрински температури.

Leave a Reply