Времето денеска сончево со температури до 37 степени

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, особено вдолж Повардарието, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималните температури ќе се движат од од 9 до 19 степени,  а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 30 до 37 степеницелзиусови.

Во Куманово и околината ќе имаме претежно сончево време со умерен ветер од северене правец. Максималната дневна температура ќе изнесува 32 степени.

За време на викендов како и во наредната седмица следува стабилно, сончево и се потопло време со постепен пораст на дневната температура. Најтопло се очекува да биде кон средината на следната работна недела кога дневната темпертура на воздухот ќе достигне до 40 степени. УВ индексот ќе има многу висока вредност 9.

Со порастот на температурата на воздухот се зголемува опасноста за појава на шумски пожари. Во недела и понеделни попладне во западните делови ќе има услови за ретка појава на краткотраен дожд со грмежи.