Времето денеска претежно сончево, но студено

Сподели со своите пријатели

Во текот на утринските часови се уште ќе има мала облачност, која во планинските преледи ќе носи слаби снежни врнежи, а истата рано претпладне ќе ссе намали во поголемиот дел од земјата, освен во западниот дел каде се очекува да исчезне околу пладне, пишува МетеоПро.

Обчасноста рано натуро треба да го стагнира падот на температурата, па затоа минималната вреднос ќе се движи од 0 степени во котлините па до 10 степени под нулата на повисоките места низ државата.

Што се однесува до Куманово и околината и денес ќе имаме релативно студен ден со максимална вредност од 1 степен во негатива, додека во текот на ноќта истата ќе се спушти и до -15 степени целзиусови.

Сепак времето ќе биде повеќе сончево, со многу слаб ветер од западен правец. Нови снежни врнежи според порталот accuweather може да очекуваме веќе во недела, а температурните вредности ќе бидат во пораст.